Skip to content

Oпрема за симултан превод во конференциската сала

Во конференциската сала на Инфо центарот инсталирана е безжична опрема за симултан превод. Оваа опрема користи FS-FHSS технологија и други дигитални техники за комуникација со цел да спречи мешање на сигнали, да постигне широк аудио опсег и совршен квалитет на звук. Покрај тоа, со AES технологија за криптирање безжично пренесените податоци се заштитени од злонамерни упади. Моќноста на уредите е таква што комуникацијата е стабилна во целото предвидено растојание со радиус од 500 метри и тоа само со една преносна единица за осум канали. Опремата може едновремено да врши пренос на два различни јазици, а секој слушател може да одбере кој канал кога сака да го слуша.
Карактеристики на системот:
• FS-FHSS технологија за модулација на сигналите за зголемена доверливост
• големи можности за прилагодување кон околината и прилагодливост кон сите типови на конференциски простори
• високо ниво на заштита од било каква интерференција со други безжични уреди
• употреба на AES128 енкрипција и FM секвенци за спречување упади и обезбедување целосна доверливост и безбедност на безжичната комуникација
• моќноста на зрачењето на предавателите е целосно прилагодлива за да се обезбеди стабилна конекција вдолж целото предвидено растојание од 50 до 500 метри
• одличен квалитет на звукот
• енкрипција се врши на ниво на група, со што нема никаква можност за мешање на сигналите помеѓу групите
• системот е целосно отворен за надградби според сите параметри, со максимална можност за едновремено користење на 16 различни канали за превод (јазици)
Опремата се состои од:
• микрофони за на маса (за говорници) 
• безжичен стерео приемник со слушалки за слушатели 
• кабини за преведувачи 
• опрема за преведувачи (конзола, микрофон и слушалки) 
• системски уреди (сервер, уред за безжично поврзување, уреди за полнење, куфер за чување, кабли)