Конференциски терминали (микрофони)
- Home
- Услуги за посетители
- Опрема за симултан превод во конференциската сала
- Конференциски терминали (микрофони)
Покрај елегантниот и стилски изглед, терминалите вклучени во ова решени целосно ги исполнуваат барањата на IEC 60914 меѓународниот стандард за квалитет.
Со помош на вградената технологија, овие терминали овозможуваат висок квалитет на звук, и спречуваат појави како што се интерференција, одек и други.
Предавателот во терминалот може да се префрли на резервна фреквенција, во случај кога има повеќе вакви уреди инсталирани на една локација.
Терминалот функционира целосно дигитално, има централен процесор со високи перформанси и многу брз дигитален аудио-процесор. Со помош на оваа технологија, се врши филтрирање на сите невалидни компоненти со ниски фреквенции кои може да имаат влијание на звукот, со што се подобрува неговата јасност.
Со користење на GSSC скалабилен аудио алгоритам, Huffman кодирање и 128-битна AES енкрипција се обезбедува приватност на комуникацијата и се избегнува секаква можност за упади и несакана интерференција.
Било каква интерференција со мобилни телефони целосно е оневозможена.
Дигитализацијата на звукот се прави со фреквенција од 48 kHz со помош на технологија што обезбедува и минимална дисторзија и минимална латенција при преносот.
Секој терминал има свој уникатен сериски број со што се овозможува негова уникатна идентификација во секој систем.
Во терминалот е вграден стандарден „срцевидно“ насочен електронски микрофон, со копче за вклучување и индикатор кога е активен. Микрофонот е монтиран на така наречен „гускин врат“ елемент кој овозможува негово слободно позиционирање во сите насоки во однос на говорникот. Овој елемент може да се демонтира, во случај кога опремата не се користи.
Осетливоста на микрофонот може да се подесува на скала од 1 до 6, а ефектите се поставуваат според условите во просторијата за да се добие највисок можен квалитет.
Копчето за вклучување има две функции: со кратко притискање се вклучува / исклучува микрофонот, а со подолго се вклучува / исклучува целиот терминал. LED со три бои го покажува статусот на микрофонот и состојбата на батеријата.
Микрофонот може да функционира во режим на лимитирано говорење, говорење според редослед или активирање со говорење. При тоа, се подесува осетливоста на микрофонот (висока, средна или ниска) и времетраењето на зборувањето во единици време.
Најмногу четири терминали можат едновремено да бидат активни: еден главен и три за говорници).
Со помош на софтвер и соодветни камери и друга опрема може да се реализира автоматско следење на говорниците од претходно дефинирана панорамска позиција.
Терминалите имаат вградена литиумска батерија која овозможува работа до 20 часа со едно полнење. Користењето на оваа батерија е поткрепено со интелигентен механизам за управување со потрошувачката, предупредување за низок напон, како и сигнал за автоматско гаснење на терминалот на десет минути пред минимално дозволениот напон. Полнењето на батеријата се прави преку микро USB приклучок и посебен уред за полнење.
Терминалот има приклучок за слушалки и уред за снимање.
Квалитетен звучник (2 W) е вграден во секој терминал, со можност за подесување на нивото на звук.
Главниот терминал има дополнителни можности (за неограничено зборување, исклучување на терминалите за говорниците и други).
Технички карактеристики
• тип на предавател: FS-FHSS frequency hopping, FSK modulation/demodulation
• енкрипција: GSSC algorithm, 128-bit AES
• работна фреквенција: 2,4 GHz
• аудио опсег: 20 Hz – 20 KHz
• осетливост: – -46 ± 4 dBV/Pa
• еквивалентно ниво на шум: 20 dBA (SPL)
• максимално ниво на звучен притисок: 125 dB (THD < 3%)
• тотална хармониска дисторзија: < 0.05%
• однос сигнал / шум: ≥ 96 dB
• тип на микрофон: електронски, срцевиден
• насоченост: 0° / 180°: > 20 dB (1 kHz)
• вграден звучник: 2 W / 8 Ω
• максимална потрошувачка: < 1,2 W
• капацитет на батеријата: 2600 mAH
• траење на батеријата: ≤ 20 часа
• работна температура: 0 ~ 45℃