Приемник со слишалки
- Home
- Услуги за посетители
- Опрема за симултан превод во конференциската сала
- Приемник со слушалки
Приемникот што е дел од овој систем за симултан превод е лесен и едноставен за користење уред кој целосно ги исполнува барањата на меѓународниот стандард IEC 60914.
Овој уред (со користење на FS-FHSS frequency hopping технологија, спектрален мониторинг и скрининг функција) овозможува соодветна промена на фреквенцијата и адаптирање на постоечките услови, а со заштита против интерференција и други карактеристики може стабилно да работи во соодветната безжична мрежа.
За модулација / демодулација на сигналот уредот користи FSK binary digital frequency технологија, а со помош на вграден GSSC scalable audio codec алгоритам, Huffman кодирање и 128-bit AES енкрипција овозможува приватност на конекцијата и оневозможува прислушкување и злонамерни упади во сигналот.
Со помош на групна функција за енкрипција овие приемници може да бидат поделени дури на 255 групи, при што секој од нив може да бира во која група ќе припаѓа, а при тоа да нема никакво мешање на групите.
Приемниците за надградби и подесување на Host ID се контролираат далечински, преку посебно системски софтвер.
Приемникот има LCD екран кој ги покажува: јачината на сигналот, состојбата на батеријата, избраниот канал, како и други информации во реално време.
Секој приемник можи да одбери еден од најмногу 16 канали, а звукот на секој од нив е чист, јасен и без мешање со други канали. Нивото на звук се подесува според желбата на слушателот.
Приемникот има многу мала потрошувачка на енергија за работа и користи литиумска батерија со која може да работи до 20 часа со едно полнење, а во случај на итна потреба може да користи и стандардна алкална батерија.
Приемникот има можност да провери дали слушалките се приклучени, и ако ги нема, автоматски да се исклучи после две минути.
Технички карактеристики
• тип на приемник: FS-FHSS frequency hopping, FSK modulation/demodulation
• работна фреквенција: 2.4~2.5 GHz
• енкрипција: 128-бит AES
• осетливост: – 121 dBm
• приклучок за слушалки: 3.5 mm стерео
• батерија: 3.7 V lithium ion battery / 2 х ААА алкални батерии
• тежина: 136 g (со батерија), 94 g (без батерија)
• работна температура: 0 ~ 45℃