Сервер за конференциски симултан превод
- Home
- Услуги за посетители
- Опрема за симултан превод во конференциската сала
- Сервер за конференциски симултан превод
Серверот на системот за превод е посебно дизајниран компјутер што ги задоволува IEC 60914 меѓународните стандарди. На дисплеј со голем контраст и многу мала потрошувачка на енергија се покажуваат сите битни активности на системот (статус, број на говорници, активни уреди и друго).
Серверот работи на Linux платформа и има вграден моќен процесор за дигитална обработка на аудио сигнали. Секој ваков сервер има свој Host ID што овозможува едновремено функционирање на повеќе независни системи за симултано преведување во еден ист простор.
Искористувањето на енергијата за работа на овој сервер е регулирано со посебен софтвер за интелигентно менаџирање на потрошувачката, разни предупредувања во однос на приклучниот напон, заштита со автоматско исклучување во случај на потреба, како и исклучување на сите терминали кои немаат активност подолго од 10 минути.
Серверот има приклучок за локална компјутерска мрежа со што се овозможува користење на посебен конференциски софтвер, како и далечински пристап и надградби.
Нивото на звук може да се прилагодува на секој терминал (микрофон) од 0 до 6. Со посебно прилагодување на звучните ефекти се овозможува прилагодување на секаков простор.
Посебна контрола на говор овозможува автоматско активирање на микрофонот штом говорникот почне да зборува (со три нивоа на осетливост: високо, средно и ниско), како и ограничување на должината на зборување со автоматско исклучување на микрофонот после одредено време (6 до 180 секунди).
Најголем број на микрофони кои можат едновремено да бидат активни е четири (еден главен и три споредни).
Серверот има опција и за управување со камери во случај тие да се инсталирани.
Со поврзување на компјутер и инсталирање на посебен софтвер, серверот овозможува централизирано управување со сите микрофони, односно нивно вклучување и/или исклучување. Плус, може да се ограничи времето на зборување, како и дополнително време за довршување на говорот после истекот на предвиденото време за зборување. Исто така, ваквиот начин на поврзување на системот овозможува и снимање и целосно управување со снимениот материјал (аудио и видео, ако има и камери).
Технички карактеристики
• максимален капацитет на системот: неограничен број на приемници (во зоната каде има покривање со сигнал) и најмногу 500 аудио терминали (за микрофони)
• потребен тип на предавател: FS-FHSS frequency hopping, FSK modulation/demodulation
• користена енкрипција: GSSC algorithm, 128-bit AES
• користена работна фреквенција: 2,4 GHz
• аудио опсег: 20 Hz до 20 KHz
• однос сигнал / шум: > 96 dBA
• изолација помеѓу канали: > 85 dBA
• динамика (опсег): > 94 dBA
• тотална хармониска дисторзија: < 0,05%
• максимална потрошувачка на енергија: 150 W
• работна температура: 0 – 450